Забава
Девојката со најдолгите нозе на светот, 132 см
Мејси Карин (21) од Тексас ги има најдолгите нозе на светот. Со висина од 186 см и нозе од 132 см, таа е светски рекордер. И покрај фактот дека многу девојки би сонувале да имаат најдолги нозе, за Мејси не е сè така едноставно.
Младата девојка зборуваше за тешкотиите со кои се соочува во секојдневниот живот – од изборот на облека до омразата на социјалните мрежи насочена кон неа и проблемите со спротивниот пол.
Карин се пожали дека корисниците на социјалните мрежи често оставаат негативни коментари на видеата што таа ги објавува на својот профил.
– Често ме споредуваат со ликовите од хорор филмовите како што е Слендермен – вели таа, додавајќи дека добро се сеќава на коментарот на еден маж кој гласел: „Не дај Боже да те сретнам во темница“.
Во текот на состанокот, на потенцијалните партнери им е непријатно поради нејзината висина, особено ако се многу пониски од Мејси.
– Постојано гледам дека се срамат поради мене и поради тоа ми е многу непријатно – рекла таа.
Мејси во едно од видеата рекла дека многу луѓе не сакаат да ја бакнуваат во јавност поради разликата во висината.Уште еден предизвик со којшто се соочува Карин е да ја најде вистинската облека.
– Главно купувам облека од брендови за високи луѓе. Нема други панталони што ми одговараат. Затоа ми ги шијат по нарачка. Еден пар фармерки чини околу 250 евра. Имам само два пара фармерки кои ги носам – истакнува девојката со најдолги нозе.
Сепак, Карин вели дека научила да се прифаќа себеси таква каква што е. Признала дека како мала ја мразела својата висина, поради што станала предмет на потсмев на врсниците, но сега ѝ се допаѓа како изгледа.
– Добрата работа е што никој не е како мене. Јас сум единствена – вели таа.
Сега Карен сака да ги убеди другите високи девојки да престанат да се срамат од својата висина и да одат со кренати глави.