ЕКО бизнис

Дали климатските промени ќе се искористат како причина за драстично поскапување на храната?

Новата анализа покажува дека глобалното затоплување може да се искористи како причина која ќе  предизвика поскапување на храната до 3,2 отсто годишно до 2035 година, пренесува Сајанс Алерт, објави Пословни дневник.

Овој ефект ќе се почувствува низ целиот свет, и во земјите со високи и со ниски приходи, но никаде повеќе отколку на глобалниот југ. постер Како и со разни други последици од климатските промени, Африка ќе биде најтешко погодена и покрај тоа што малку ќе придонесе за причините. Ефектите од климатските промени, кои предизвикуваат поскапувања, веќе ја отежнуваат набавката на храна. На пример, повисоките температури може да предизвикаат поместување на предвидливите земјоделски сезони и на тој начин да го спречат растителното производство.

Други последици може да вклучуваат појава на штетници и болести кои ги осиромашуваат резервите на добиток и храна, и топлотен стрес на веќе лошите патишта што го отежнуваат пристапот до руралните заедници. Сите овие фактори ги зголемуваат цените и ја намалуваат куповната моќ на погодените домаќинства. Друг дел од овој проблем е растот на самата инфлација. Зголемувањето на цената од 3% годишно би значело дека домаќинствата се помалку способни да го купат она што им е потребно. Тие веројатно би морале да направат компромис за квалитетот, што пак ги прави луѓето поподложни на болести.

Имтересна анализа која може да ни покаже во која насока ќе се движат и насочуваат новите регулативи подржани од пропагандните машинерии, обидот на поврзување на неповрзливото повторно на сцена.

Тагови

Поврзани вести