За добрата атмосфера е заслужен диџеј кој пушта електронска музика, а на менито има и улична храна и пиво, а интересен е и начинот на кој се служи одредена храна. Имено, специјалитет на ресторанот е кофа со ракчиња што ја носат на масата, ја полеваат со алкохол и потоа ја запалуваат. Ресторанот исто така, им нуди на своите гости можност да споделуваат слики од нивните миленици на големиот екран, а потоа секој може да ужива во фотографиите на нивната, на пример, мачка. Снег паѓа три пати на ден Ресторанот има специјална машина за пена која ги прска сите гости со вода со сапуница. Снег паѓа три пати на ден, во 8 часот, 22 часот и на полноќ. Во 22 часот снегот се претвора во розови ливчиња кои паѓаат од таванот. Ресторанот наводно е исклучително популарен.