Македонија

Големо зголемување на цената на струјата, сега изговорот е некоја си фирма барала?!

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во денешното интервју за „Фактор“ открива дека ЕВН Хоме, како универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и потрошувачите (а не е никаков “снабдувач”, односно е некоја си фирма која наплаќа сметки во име на ЕВН), бара повисока цена за 10 отсто од 1 јануари.

Инаку за потсетување истата фирма во последните години се фали со големи остварени профити во нејзиното работење, линк инфо

Пресметките допрва ќе следуваат и конечната одлука ќе биде донесена на крајот на годината.

Слика извор: Blumberg Adria

Оваа поставена власт се надмина себеси во небулозните и смешно навредливи оправдувања за сите неверојатни поскапувања која ги направи во последните години. Оправдувањето за се и сешто почна да станува и начин на размислување кај луѓето што е многу трагично, или посакувано ако се гледа од гледна точка на растурање на државата Македонија.

Тагови

Поврзани вести