Вести
Германија во недостиг од работна сила: Од 1 јуни двојно повеќе годишни работни визи за Западен Балкан
Од следниот месец, 50.000 работници од Македонија, Албанја, Косово, Србија, БиХ и Црна Гора ќе можат да добијат визи за работа во Германија, пренесува Шенген виза инфо.
Во медиумите се пласира платена пропаганда за прибирање на работна сила од Македонија за потребите на сопствениците на фабриките во Германија, и таа оди вака:
Регистрацијата за термин за работна виза за Германија почна од вчера и ќе трае до 14 мај.
Со новиот закон, Германија одлучи да ги промени правилата за земјите од Западен Балкан, со што ќе се зголеми увозот на работна сила, со оглед дека досегашната бројка на работни визи од Германија за регионот беше двојно помалку.
Инаку, во периодот на регистрацијата за германска виза, нема потреба од регистрација преку посредници или други агенции за работа.
Како што стои во анализата на Шенген виза инфо, на апликантите им е дозволено да се регистрираат само еднаш. Покрај тоа, тие не можат да направат последователни промени на податоците, а исто така не смеат да го префрлат својот термин на друго лице.
Врз основа на Регулативата за Западен Балкан, податоците покажуваат дека околу 76.000 државјани на земјите од Западен Балкан имале дозволи во Германија на крајот на 2023 година.
Во позадина на сета оваа пропаганда за прибирање луѓе се пласираат информации дека во Германија тече мед и млеко, а овде истите структури создаваат хаос исталирајќи шарени револуции и неспособни луѓе преку расизам (како дебилизмот: вработување по етничка припадност) и негативна селекција.