Свет
Во САД продолжуваат масовните убиства: Дваесетина убиени, над 50 ранети
Полицијата објави три фотографии на Фејсбук, барајќи помош од јавноста за идентификување и лоцирање на напаѓачот, пренесува Хина
Десетици луѓе загинаа, а повеќе се ранети во престрелка во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн. Ова укажува на тешка психолошка болест која ја произведуваат САД и која гледаме сакаат да ја прошират и на останатите земји под нивна контрола.
Полициската управа во Левистон објави дека осомничениот за нападот е Роберт Кард (40), велејќи дека тој треба „да се смета за вооружен и опасен и дека е во тек голема потера по него“, пренесува Ројтерс.
Полицијата објави фотографии
Полицијата објави три фотографии на Фејсбук, барајќи помош од јавноста за идентификување и лоцирање на напаѓачот, пренесува Хина. Дали со овој чин се признава немоќта на полицијата?
На две фотографии е прикажан осомничениот, маж со брада во кафена јакна со качулка и фармерки, како држи полуавтоматска пушка, а на третата е прикажан бел џип.
„Има активен напаѓач во Левистон. Ги молиме граѓаните да останат во своите куќи со заклучени врати. Полицијата во моментов истражува на повеќе локации“,
објави полицијата на државата Мејн претходно на социјалната мрежа X.
„Сан журнал“, цитирајќи го портпаролот на полицијата во Левистон, објави дека се пукало во три различни објекти, вклучително и во куглана и кафуле.Тие два објекти се оддалечени 6,5 километри.
Најсмртоносниот масакр од 2019 година.
Ако 22 загинати е конечниот резултат, тоа би било второ најсмртоносно масовно пукање во Соединетите Држави од август 2019 година, кога вооружен маж отвори оган врз купувачите во супермаркет во Ел Пасо, Тексас, убивајќи 23 луѓе.
Најсмртоносното масовно пукање во САД е забележано во 2017 година во Лас Вегас, кога 64-годишен пензионер отвори оган врз посетителите на фестивалот на кантри-музика, убивајќи 58, а рани околу 500.
Да се надеваме дека оваа заразна болес наречена масовни убици нема да се рашити и на нашиѕе простори.