КултураНастани

Во Дојран отворена Националната младинска летна школа, учествуваат 60 млади од цела Македонија

Во Дојран е отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија, на која учествуваат околу 60 млади од различни делови на Македонија.

Школата се одржува од 14 до 18 септември и е наменета за млади на возраст од 15 до 29 години. Ја организира Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка – GIZ и Регионалната канцеларија за младинска соработка – RYCO.

Годинашната програма е посветена на темата „Спорт за развој“, при што спортот се користи како средство за личен развој, образование, социјална инклузија, тимска работа и подобрување на комуникациските и меѓучовечките вештини.

Учесниците во текот на петдневната програма ќе имаат можност да разменуваат искуства и идеи, да развиваат нови вештини и да воспоставуваат контакти со врсници од различни делови на земјата. Работните јазици на школата се македонски и албански.

Тагови

Поврзани вести