Забава
Војна со ѓубре помеѓу Јужна и Северна Кореја
"Северна Кореја испрати балони полни со ѓубре и измет во Јужна Кореја" гласи најновиот пропаганден наслов

Северна Кореја пушти 90 балони со пропагандни летоци и ѓубре над две погранични провинции на југот , што ги натера властите да ги предупредат жителите да останат внатре и да не ги допираат белите балони и пластичните кеси закачени на нив, бидејќи содржат „валкан отпад и ѓубре“. пишува Би-Би-Си.
Северна и Јужна Кореја користат балони во нивните пропагандни кампањи уште од Корејската војна во 1950-тите. Неодамнешниот инцидент се случи неколку дена откако Северна Кореја соопшти дека ќе возврати на „честото ширење летоци и друго ѓубре“ во пограничните области од активисти на југот. Сега истите исто така за пропагандни цели за медиумите.
„Наскоро купишта отпадна хартија и нечистотија ќе бидат расфрлани низ пограничните области и во внатрешноста на Јужна Кореја…“, рече заменик-министерот за одбрана на Северна Кореја, Ким Канг Ил, во изјава за државните медиуми во неделата.