Настани

Возење велосипед низ Скопје за безбедна велосипедска инфрастуктура

Иницијатива НаТочак вели дека возењето велосипеди ќе продолжи сè додека не им се исполнат условите за безбедно возење велосипеди во Скопје.

Иницијативата НаТочак денеска, по 85-ти пат, со почеток во 17.30 од Плоштад Македонија, организира возење на велосипеди низ скопските улици, за да ги потсети властите дека на велосипедистите им е потребна солидна инфрастуктура.

Иницијаторите информираат дека возењето велосипеди е дел од настанот „Критична маса”. Под слоганот „Приказната продолжува. Се гледаме на улиците!”, иницијативата НаТочак потсетува дека велосипедистите се дел од скопската приказна и дека им е потребна безбедна велосипедска инфрастуктура.

Иницијатива НаТочак вели дека возењето велосипеди ќе продолжи сè додека не им се исполнат условите за безбедно возење велосипеди во Скопје.

Тагови