Македонија

Внимание, чоколадни коцки за лисици!?

Граѓаните наредните денови исклучително внимателно да се движат во природа, да внимаваат и никако да не ги допираат со раце вакциналните мамки, кои се со кафена боја и личат на чоколадни коцки.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со реализација на пролетната кампања за вакцинација на лисиците против беснило со авионско фрлање вакцинални мамки од аеродромите во Скопје и во Штип.

Со техничка и финансиска поддршка од ЕУ, наредните денови на територијата на цела држава ќе бидат фрлени 500.000 мамки. Вакцинацијата има за цел прекинување на пренесување на вирусот на беснило од едно на друго животно и негово елиминирање од носителите, односно од таканаречените резервоари.

– Граѓаните наредните денови исклучително внимателно да се движат во природа, да внимаваат и никако да не ги допираат со раце вакциналните мамки, кои се со кафена боја и личат на чоколадни коцки. Во нив е сместена пластична капсула во која се наоѓа вакцината во течна состојба. Доколку, сепак, се случи мамката да се допре, рацете да се измијат со обилно количество вода и сапун, а доколку мамката дојде во контакт со уста, задолжително да се побара и лекарска помош – апелира АХВ.

 

По завршување на вакцинацијата ќе се спроведе контрола за проценка на успешноста и на оваа вакцинална кампања.

Оралната вакцинација на лисиците против беснило почна да се спроведува во 2011 година со по две вакцинални кампањи – пролетна и есенска.

Тагови

Поврзани вести