Македонија
Викенд со сонце и пролетни температури низ Македонија

Во петок ќе има услови за краткотраен локален дожд, проследен со ретки грмежи.
Потоа, за време на викендот, под влијание на стабилна и потопла воздушна маса од југ, времето ќе се стабилизира. Се очекуваат сончеви периоди и пријатни пролетни температури, кои ќе се движат меѓу 18 и 24 степени. Во Повардарието и југоисточните делови температурата локално може да достигне, па и да надмине 25 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време, со температури до околу 25 степени.
Утринските температури ќе се движат од 7 до 15 степени, додека во Скопје ќе бидат околу 11 степени. Во недела се очекуваат нешто пониски утрински вредности, но тие ќе останат над нулата – од 3 до 11 степени, а во главниот град околу 7 степени.
Во текот на целиот период ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец, кој на места ќе достигнува брзина до околу 60 километри на час. Ветерот повремено ќе биде изразен и во Скопје.



