Македонија

ВИДЕО: Стадо диви коњи фатени во галоп на Пелистер

Стадото диви коњи се вистинска атракција на Пелистер, посебно за љубителите на природата и убавата фотографија.

Данило Божиновски објави видеото од Баба Планина, со фасцинантни сцени од коњите кои уживаат во слободата што им ја овозможува планината.

„Можеби оваа снимка е една од најубавите што сум ги снимил сиве овие години, денови, саати поминати на планина. Уживајте во краткото видео. Јас им се восхитував додека ги гледав. Бисер Балкански“, напиша Божиновски на Фејсбук.

Според изјавата на Данило дивите пелистерски коњи се снимени на патека која ретко е посетувана, на граничната линија со Грција, меѓу врвовите Балтан и Цуце, под кои се наоѓаат селата Брајчино и Љубојно. Патеката не е маркирана, а шумата е опасна и има многу диви животни.

Тагови

Поврзани вести