Живот

(ВИДЕО) Против стрес и несоница – звук на природата

Видеото покажува река во Ирска, опкружена со шума. Освен преубавиот поглед, кој одмара очи, видеото стана мегапопуларно поради звуците на природата кои неверојатно го опуштаат огранизмот.

Видеото го направил  визуелниот уметник Johnnie Lawson, кој две години снимал иста сцена од природата на таа река. Тој не можел да замисли дека неговото видео денес ќе им помага на луѓето кои имаат проблеми со стрес и несоница. Во знак на благодарност почнале да му пишуваат луѓе од цел свет, од Северна Кореа, Африка, Јапонија,  пишува Атма.хр.

Минутажата на видеото е совршена, малку повеќе од осум часа, токму колку е доволно за здраво спиење.Некој и ако се разбуди во текот на ноќта, звуците повторно го успиваат.

Во едно од писмата испратени до уметникот пишувало:

„Откако го открив видеото, подолго спијам а деновите ми се поубави. Се борев со несоница, во спиењата во тишина нешто ми недостасуваше и бев фрустриран секое утро. Сега едноставно го пуштам видеото, звукот ме успива и наутро се чувствувам многу убаво.“

На Јутјуб ова видео има 30 милиони прегледи. Ова е доволно да знаете дека вечерва ќе имате мирен сон.

Тагови

Поврзани вести