ЗабаваНастани

Бакингемската палата: На Принцот ќе му ги одземат сите титули

Шокантна одлука од Бакингемската палата: Ендру ќе ги изгуби сите титули, Сара Фергусон ќе го промени идентитетот

Принцот Ендру, помладиот брат на британскиот крал Чарлс III, објави дека се откажува од сите свои титули, вклучително и титулата војвода од Јорк.

Овој развој на настаните следи по низа нови скандали поврзани со неговите релации со Џефри Епштајн и неговата врска со наводен кинески шпион.

„Во разговорите со кралот и моето најблиско и пошироко семејство, заклучивме дека континуираните обвинувања против мене го одвлекуваат вниманието од работата на Неговото Височество и Кралското семејство. Решив, како и секогаш, да ја ставам мојата должност кон семејството и земјата на прво место. Стојам зад мојата одлука од пред пет години да се повлечам од јавниот живот. Со согласност на Неговото Височество, сметаме дека сега морам да направам чекор понатаму. Затоа, повеќе нема да ја користам мојата титула или почестите што ми се доделени. Како што реков, силно ги негирам обвинувањата против мене“, рече Ендру.

Островските медиуми пишуваат дека тој ги донел одлуките по голем притисок од кралот Чарлс. Тој исто така ќе се откаже од членството во Редот на жартиерата, но сепак ќе остане принц, бидејќи е роден како син на Елизабета II.

Тагови

Поврзани вести