Забава
Ал Пачино во интервју октри дека доживеал клиничка смрт
Холивудскиот актер Ал Пачино во интервју за „Њујорк тајмс“ откри дека ја надминал тешката форма на коронавирус во 2020 година и дека еден ден се чувствувал „невообичаено лошо“.
Холивудскиот актер Ал Пачино во интервју за „Њујорк тајмс“ откри дека ја надминал тешката форма на коронавирус во 2020 година и дека еден ден се чувствувал „невообичаено лошо“. Тој развил висока температура и дехидрирал, па медицинска сестра дошла во неговиот дом да му даде течности. Меѓутоа, неговата состојба дополнително се влошила.
– Седев во мојата куќа и само исчезнав. Така. Немав пулс. За неколку минути, брза помош пристигна надвор пред мојата куќа. Во дневната соба имаше шест болничари и двајца лекари, облечени во заштитни одела кои изгледаа како од вселената. Беше шокантно да ги отворам очите и да го видам тоа.
Актерот го споделил и искуството од моментот кога му исчезнал пулсот. Иако „не видел бела светлина, ништо“, Ал Пачино рекол дека почувствувал некаква промена, но на крајот заклучил: „Таму нема ништо“.
– Нема ништо. Исчезнуваш. Никогаш порано не сум размислував за тоа, но звучи добро да можам да кажам дека еднаш сум умрел – рекол Пачино.
Тој се осврнал на моментот кога го изгубил пулсот, опишувајќи како еден момент бил таму, а во следниот повеќе не.
– Помислив: „Леле, немаш дури ниту сеќавања. Немаш ништо“. Чудно“, додал Пачино.