Глобалниот форум за никотин е добро посетен и има светско значење. Кои се најважните теми и пораки кои беа испратени од годинешното издание на Форумот во Варшава? Би извлекол три главни теми. Најпрвин, науката и доживеаното искуство од намалување на штетите од тутунот се силни и привлечни. Несомнено е дека никотинските производи со намален ризик се почеток на крајот на пушењето и на сите болести и смртни случаи предизвикани од него. Второ, најжестокото противење на овој развој доаѓа од конвенционалните активисти за контрола на тутунот на кои не им се допаѓа како тоа функционира. Имаат збир од страв, стигма, принуда, дезинформации, морална паника и контрола. Тие реагираат агресивно на тоа потрошувачите да го штитат сопственото здравје, на сопствена иницијатива и на сопствен трошок во корисен пазарен однос со иноваторите од приватниот сектор. Тоа дефинитивно го нема во нивните правила на игра. Трето, бев фасциниран од дискусиите за тоа колку е длабока побарувачката за никотин и зошто луѓето го користат; за контрола на расположението, анксиозноста, стресот, некои когнитивни придобивки и олеснување на состојбите како ADHD. Никотинот ќе остане со нас, но откако ќе се одвоиме од штетниот чад, би требало да можеме да размислуваме за него на ист начин како кофеинот. Како би му објасниле на некој кој не знае ништо за вашата работа, која е всушност вашата мисија, на што работите? Мојата мисија е да направам се што можам за да се стави крај на глобалната епидемија на болести и смрт предизвикани од пушењето. Според СЗО, осум милиони луѓе годишно умираат од болестите предизвикани од пушење, што е веројатно приближно исто како и при Ковид-19 во 2020 и 2021 година. Но, бројот на смртни случаи од пушење се зголемува секоја година. Како што расте светската популација, бројките речиси и да не опаѓаат. Побарувачката за никотин е голема, така што на луѓето им е тешко да се откажат од пушењето, ако треба да престанат да го користат. Но, сега не го прават тоа. Тие можат да се откажат од пушењето и да продолжат да користат никотин со префрлување на вејпинг, загреан тутун или никотински ќесички. Тоа е многу полесен потег за милиони луѓе отколку целосно да се откажат од никотинот. Значи, мислам дека е можен брз крај на ерата на пушењето. Неизбежно, тоа се случува побрзо кај помладите луѓе. Во Европа, веројатно веќе ја имаме првата генерација која никогаш нема да умре од болести предизвикани од пушењето. Во последните неколку години, сведоци сме на развој на иновативни алтернативи без чад кои работат на принципот на загревање, а не на согорување на тутунот. Брзиот развој на нови никотински производи покрена голем број научни прашања за нивната безбедност, кој ги користи и зошто. Какво е нивното влијание врз стапката на пушење и каква улога играат овие производи во борбата против чадот од тутунот? Знаеме без какво било разумно сомневање дека овие нови производи се многу помалку штетни од пушењето и дека можеби воопшто не се штетни, иако ќе бидат потребни децении за да се знае тоа со сигурност. Ова го знаеме од мерењата на токсиканти во крвта, плунката или урината на корисниците. Кај корисниците на електронски цигари или загреани тутунски производи без чад, можеме да видиме дека најважните токсични состојки во чадот на цигарите или не се присутни на забележливи нивоа или се присутни на далеку пониски нивоа – речиси исто како и кај оние што не ги користат. Чесно е да се каже дека некој што во целост ќе се префрли на овие производи, ќе доживее драматично намалување на ризикот гледајќи напред, иако не може да ја поништи целата штета од пушењето со децении. Пушачите се префрлаат на нив, користејќи ги за да се оддалечат од цигарите. Брифингот за глобалната состојба на тутунот за намалување на штетите за 2022 година проценува дека има 112 милиони корисници на побезбедни потрошувачки никотински производи. Тоа е многу помалку од 1,1 милијарда пушачи, но повеќето од овие производи се појавија дури во последните 15 години и се соочија со немилосрдно (и погрешно) противење на интересите за контрола на тутунот. Колку корисници ќе се префрлат не зависи само од производите, туку од регулаторната, фискалната и информациската околина. Ако е тоа поставено да поттикне префрлање, ќе има повеќе префрлање. Ако е поставено за да не се разликуваат пушењето и испарувањето, тогаш ќе има помалку префрлање на вакви производи и повеќе пушење. За крај, неколку зборови за младоста. Многу млади луѓе можеби користат вејпинг, но постојат два основни типа. Во првата група се само адолесцентите кои пробуваат нови работи и експериментираат, но веројатно нема да станат сериозни корисници. Никој не сака да го гледа ова, и може да стане интензивно политичко, но тоа не е голема грижа за јавното здравје. Второ, адолесцентите кои инаку би станале пушачи. За оваа група, која е важна за јавното здравје, влијанието на вејпингот е позитивно. Мораме правилно да го погледнеме користењето на вејпинг кај младите, со цел правилно да ги разбереме контроверзите. Во Македонија и воопшто на Балканот законите често се менуваат или усогласуваат со Европската Унија. Како гледате на нашиот пазар и прашањето на регулативата и колку е важно владите да бидат вклучени во целиот процес на изнаоѓање решение? Од јули 2022 година, Македонија и Европската Унија го засилуваат темпото на пристапните преговори. Според тоа, правото на ЕУ ќе биде позначајно во обликувањето на идниот пејзаж за нови производи без чад во Македонија и на Балканот. На многу начини, ЕУ треба да ја прогласи својата политика како победа на основните принципи на ЕУ, како што е развојот на внатрешниот пазар со високо ниво на здравствена заштита. Тоа му овозможи на вејпинг пазарот да расте и овие иновативни конкуренти да влезат на пазарот во кој доминираат најштетните производи, цигарите. Не се согласувам со секој аспект од политиката, но е далеку подобра од пристапите преземени во Соединетите Држави или Австралија, и мислам дека функционира доста добро. Сепак, постојат знаци дека ЕУ сака да има многу порестриктивен режим со повисоки даноци, забрани за вкусови и други рестриктивни мерки, додека ја развива својата законодавна програма. Јас тоа изрично би го советувал. Најверојатниот ефект ќе биде да се заштити трговијата со цигари, да се поттикне пушењето, да се активира недозволената трговија и да се предизвика повеќе штета отколку корист. Колку е важна мотивацијата кај пушачите за да направат позитивна промена? Мотивацијата е важна, а правењето на секоја позитивна промена бара одредена одлучност и посветеност. Но, честопати очекувавме луѓето да бидат многу мотивирани да направат нешто што навистина не сакаат да го прават. Луѓето навистина сакаат да се извлечат од лошата страна на пушењето – кашлање, отежнато дишење, тешкотии при качување по скали, мирис, неред и, се разбира, сериозни болести. Но, многу луѓе кои сакаат да се откажат од цигарите не сакаат да се откажат од никотинот и се уште сакаат многу аспекти од искуството на пушењето. Во минатото, баравме од нив да се откажат од работите што ги сакаат во пушењето, како и од работите што не им се допаѓаат. Тоа бара многу волја, а повеќето луѓе не успеваат. Толку чудно, со тоа што препорачуваме да се префрлите на производ без чад, се обидуваме да ја намалиме мотивацијата потребна за да се направи позитивна промена. Поради тоа, очекуваме многу повеќе луѓе да бидат успешни во откажувањето од пушење со префрлање, отколку да очекуваме целосно да се откажат од пушењето и да станат апстинентни.