Македонија
Акција за јавна еко-анкета во Битола

Активистите на битолската иницијативата “Поинаку“ имаа нова акција со која поставија канти за отпушоци низ градот, кои истовремено служат и за јавна еко анкета.
“Поинаку“, како напишаа, ги прашаа своите сограѓани, што сакаат, а како опција нудат одговорат: чист воздух, велосипедски патеки, реконструирани улици, модерен спортски комплекс или зимско-летен туристички центар “Пелистер“.