Македонија
Протест поради сечата на шума во Националниот парк Маврово
Во име на здружението за рурален развој „Преродба на Горна Река“и во име на жителите на Горна Река и луѓето кои ја сакаат природата денеска сме собрани да го изразуваме нашиот револт за еколошката катастрофа.
Во име на здружението за рурален развој „Преродба на Горна Река“и во име на жителите на Горна Река и луѓето кои ја сакаат природата денеска сме собрани да го изразуваме нашиот револт за еколошката катастрофа што се случува на површините на Националниот Парк Маврово– посебно планината Бистра.
Деградацијата на природата од страна на Јавната Установа Национален Парк Маврово е алармантна бидејќи самата институција – установа врши еколошки масакар со сечење на површината на планината спротивно на позитивните закони на РМ, поточно законот за заштита на животната средина.
Сечењето на дрвјата се врши на приватен имот, при што се ускратува правото на сопственост со неприбавување согласност од сопствениците на земјиштето, како и флагрантно кршење на Законот за прогласување на Националниот Парк Маврово за заштитено подрачје во категоријата национален парк.
Оправдувањето на Националниот Парк е дека сечењето на површините на планината е од санитарни причини, но реално овде без критериуми се врши масовна експлоатација на дрвјата. Националниот Парк добива согласност за оваа активност спротивно на позитивните закони од институциите кои не се надлежни за ова прашање и тоа:
– Добиваат согласност од Државен инспекторат за шумарство и ловство а не од Државниот Инспекторат за животна средина.
По основ на продажба на дрва има финансиска злоупотреба која ја надминува бројката од над 2.000.000 евра годишно, додека законот за заштита на животната средина, член 141-А не предвидува експлоатација и продажба на масата дрва за комерцијални цели, но само за санитарни цели.
Исто така, отворање на планински патиштасе прави без да се добие дозвола – согласност од која било институција, и во отсуство на елаборат за заштита на животната средина и повреда на правата на приватната сопственост. Во дејствијата што ги презема Националниот Парк
Мавровопостојат елементи на кривични дела, односно член 225 и член 234 од Кривичнио законик на Македонија.
Затоа, за овие флагрантни прекршувања на позитивните закони на РСМ, ги повикуваме надлежните органи како:
– Основно Јавно обвинителство, Основно Јавно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Министерството за внатрешни работи, Инспекторат за заштита на животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на Македонија, дипломатски претставништва и меѓународни донатори кои даваат поддршка на проекти и активности поврзани со националниот парк, како и граѓанскиот сектор и медиумите.
Бараме од страна на Националниот парк Маврово веднаш да престанат со нивните незаконски активности за кои цел имаат да генерираат милиони евра со кршење на законите и оштетување на природата.
Во меѓувреме, надлежните институции треба да преземат мерки за испитување на законските прекршувања на Националниот Парк.