Македонија

Oтстранетите диви депонии и купишта отпад

Во текот на минатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија десетина диви депонии во општините Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Гази Баба.

Како што соопшти претпријатието, отстранетите диви депонии биле лоцирани на улиците Ферид Мурат – во близина на Пензионерскиот дом и на Самоилова – до Скопското муфтиство, на булеварите Александар Македонски – кај населеното место Гази Баба и Никола Карев (Пластичарска улица) во општината Чаир, булеварот Македонско-косовска бригада – во општината Шуто Оризари, улицата Бутелска – во близина на пазарот во општината Бутел и на последната автобуска постојка на автобусот 45 во општината Гази Баба.

„Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведоа засилени активности за чистење диви депонии, во чиишто рамки се подигнати приближно 130 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини.

Воедно и годинава во скопските општини каде што масовно се празнува овој празник, ќе бидат поставени посебни контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат својот органски отпад, а претпријатието ќе спроведе активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти“, изјави преку соопштението директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

 

Тагови

Поврзани вести