Вода

Mорската вода има лековито дејство врз нашиот организам

Ако треба да се одбере кој спорт е најдобар за човечкото тело, тогаш со сигурност на прво место ќе се најде пливањето. Со пливање се активираат сите групи на мускули во телото, се зајакнува кардиоваскуларниот систем, се подобрува дишењето и се зголемува капацитетот на белите дробови, а и позитивно влијае на нашата психа.

Ова се само дел од благодетите на пливањето и воедно препорака да се почне што побрзо со овој спорт, па макар рекреативно. Пливањето е најтемелен начин на вежбање и тоа за целото тело: раце, рамена, грб, граден кош, задник, нозе… На овој начин телото станува поиздржливо и се успорува процесот на стареење.

Овој спорт придонесува подобра кондиција на организмот, влијае на периферната и централната циркулација, психички опушта и влијае на правилниот развој и држење.

Пливањето е вистински избор и за оние кои сакаат да изгубат килограми, бидејќи со пливање се трошат најмногу калории. Така, за само еден час пливање во граден стил се трошат околу 750 калории.

Понатаму, според некои студии, жените кои често пливаат помалку се изложени на ризикот да заболат од рак на дојка.

Добитна комбинација, ако веќе се решите да пливате е пливањето во морска вода, бидејќи сите знаеме дека морската вода има лековито дејство врз нашиот организам.

Морската вода дополнително ја подобрува циркулацијата, ја тонизира кожата, а јодот кој се наоѓа во водата е неопходен за правилна работа на штитната жлезда.
Пливањето во морска вода благотворно делува на астма и алергија, бидејќи ваквата вода има својства на антисептик и антихистаимин. Морската вода ја ублажува болката, го смалува воспалението, не’ опушта и помага телото да се ослободи од вишок течности.

Пливањето во море им годи на лицата кои патат од реума, артритис, болки во грбот и мускулите.

Заради својот состав (минерали, флуор, магнезиум, калциум и јод) морската вода делува одлично и на кожата така што ја чисти, а делува смирувачки и на болестите на кожжата како дерматитис, псоријаза и егземи.

Тагови

Поврзани вести