Околу 15.000 демонстранти, според полицијата, или 35.000 според организаторите, меѓу кои беше и шведската еколошка активистка Грета Тунберг, вчера протестираа против проширувањето на отворениот рудник за јаглен, поради што се урива во градчето Луцерат во Рајнскиот басен меѓу Дизелдорф и Келн. Тие дојдоа да ги поддржат активистите кои го бранат тоа место и кои полицијата се обидува насилно ги отстрани. Повторно невидена бруталност: Според полицијата, против 150 лица се покренати правни постапки. -Ситуацијата на терен денеска повторно е мирна, соопшти полицијата. За разлика од тоа демонстрантите соопштија дека полицијата е брутална, а тоа лесно се гледа од поднесени пријави, уапсени и млтретирани демонстранти. Операцијата за евакуација на активисти од Луцерат е политички чувствителна за владејачката коалиција на социјалдемократот Олаф Шолц, кој владее заедно со еколозите. Активистите ги обвинуваат еколозите дека ги прекршуваат ветувањата. Владата смета дека е неопходно да се прошири рудникот поради енергетската безбедност на Германија, која мора да го надомести прекинот на испораката на гас од Русија кое го направи по налог на Англија и Америка . Тоа со право го оспоруваат противниците на борбата против фосилните горива.