Македонија
Црн чад над Скопје: Се бара истрага за загадувањето по пожарот во Железара
По големиот пожар во кругот на поранешната Железара во Скопје, граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ побара обвинителска истрага и итен вонреден инспекциски надзор за да се утврди што точно изгорело и дали дошло до опасно загадување на воздухот.

Според Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал во магацин за бои и лакови на булеварот „Александар Македонски“. Во интервенцијата учествувале 20 пожарникари со девет возила, а густ црн чад бил видлив од повеќе делови на градот.
Екоактивистите бараат да се утврдат видот и количеството на изгорените материјали, дали објектот имал соодветни дозволи и дали биле исполнети условите за противпожарна заштита.
Засега нема јавно потврдени резултати од анализи што би го утврдиле составот на чадот и степенот на загадување



