Свет
Турција забрани социјални мрежи за деца под 15 години

Турција усвои нов закон со кој се забранува користењето на социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, со цел поголема заштита на децата во дигиталниот простор.
Со новата регулатива, платформите ќе мора да воведат системи за проверка на возраста, што практично ќе го оневозможи отворањето профили од страна на малолетници. Законот ќе почне да се применува за шест месеци.
Воедно, родителите добиваат поголема контрола преку алатки за ограничување на времето пред екран, додека компаниите ќе бидат обврзани да отстрануваат штетна содржина во рок од еден час во итни случаи.
Овој чекор доаѓа во момент кога низ Европа се интензивира дебатата за заштита на младите на интернет. Емануел Макрон веќе предложи воведување „ден без интернет“, со цел младите да се насочат кон активности надвор од дигиталниот свет.
Иницијативи за слични мерки се разгледуваат и на ниво на Европската унија. Урсула фон дер Лајен веќе разговараше со лидерите на повеќе земји за можни заеднички правила.
Со ова, фокусот сè повеќе се префрла од индивидуална одговорност кон законска регулација на технолошките компании.


