Свет

Судир на два воза во Данска, има повредени

Железничка несреќа се случи утрово во Кагеруп, на североистокот на Данска, каде по судир на два воза се повредени повеќе лица.

На терен веднаш интервенирале службите за итна помош, кои работат на згрижување на повредените и обезбедување на местото на несреќата.

Полицијата од регионот Северен Зеланд настанот го оцени како сериозен железнички инцидент. Засега не е утврден точниот број на повредени, иако спасувачките екипи се во голем број на терен.

Според локалните медиуми, несреќата се случила на пругата меѓу Хилерод и Кагеруп, во близина на Истеродвејен.

Надлежните служби продолжуваат со расчистување на теренот и истрага за причините за судирот.

Тагови

Поврзани вести