Македонија
Пчеларите да внимаваат: Рано наутро во четврток – дезинсекција против комарци во Скопје

Авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се спроведе на 7 мај 2026 година (четврток), во раните утрински часови, информираат од Град Скопје.
Од надлежните посочуваат дека доколку временските услови не дозволат реализација на активноста, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни услови, во истиот временски термин.
Воедно, од Град Скопје апелираат до пчеларите навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Оваа мерка е дел од редовните активности за контрола на комарците и заштита на здравјето на граѓаните во пресрет на летната сезона.



