Македонија

Почна чистењето на Скопје и расчистување на Вардариште, отстранети од јавните претпријатија од работа вкупно 371 лице

По неколку недели, кога Скопје беше преплавено со отпад, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечерта излегоа на терен.
„Вечерва стартуваше и акцијата за расчистување на депонијата „Вардариште“. Ова е само првиот чекор кон нашата цел. Наскоро започнува и процесот на одгасување на метанот. Досегашното место на срамот, ќе стане гордост – нова зелена оаза за сите скопјани, објави на својот Фејсбук-профил градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Исто така Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека до овој момент од јавните претпријатија се отстранети вкупно 371 лице, кои земале плата без да одат на работа или, пак, вршеле злоупотреби на своите работни места.

,, До сега, во моментов отстранети од работа од јавните претпријатија се вкупно 371 лице, кои што или не оделе на работа а земале плата или пак вршеле злоупотреба на своето работно место а сето тоа го плаќале граѓаните. Тие активности и проверки ќе продолжат и во наредните денови за сето тоа ќе бидете информирани”, рече Ѓорѓиевски.

 

Тагови

Поврзани вести