Храна

Помалиот внес на протеини овозможува поздрав и подолг живот

Помалиот внес на протеини би можел да помогне за поздрав и подолг живот. Новото истражување спроведено од Универзитетот Висконсин – Медисон укажува дека умерениот внес на протеини може да има значајни здравствени придобивки, особено со стареењето на организмот.

За оваа цел биле опфатени повеќе од 300 научни студии, при што се докажало дека помалиот внес на протеини може да го намали ризикот од болести, како што се дијабетесот и ракот. Според авторот Дадли Ламинг, протеините се важни за растот на мускулите и за подобар одговор на телото при физичка активност, а преголемиот внес може негативно да влијае врз здравјето.

Анализата покажала дека храната со помалку протеини го подобрува метаболизмот кај луѓето, со намалување на масното ткиво, зголемување на енергијата и регулирање на шеќерот во крвта. Ова се должи на хормонот „ФГФ21“ (FGF21) чие ниво се зголемува по консумирањето на храна богата со протеини. Со негово лачење организмот поефикасно ја користи енергијата, подобрувајќи ги метаболичките процеси.

Според експертите, ваквата рутина не се препорачува за бремени жени, деца во развој, постари лица и лица кои закрепнуваат од тешки повреди.

Возрасните треба да внесуваат 0,83 грама дневно, по килограм телесна тежина, препорачуваат Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) и СЗО.


Фото: Freepik

Тагови

Поврзани вести