Македонија

Од 16 часот во Македонија продолжен викенд карантин

Забраната за движење на населението денеска почнува од 16 часот и ќе трае до понеделник до 5 часот. Со ова почнува 61 часовен карантин за сите граѓани на територија на целата држава. Согласно одлуката на Владата, а со цел спречување на ширење на коронавирусот, полицискиот час во текот на работните денови почнува од 16 до 5 часот, додека за време на викендите на граѓаните им е целосно забрането движењето.

Од забраната изземени се полицијата, армијата, здравствените работници, а исто така не важи и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи. Аптеките ќе работат непречено. Бројот на заболени од Ковид-19 достигна 663, на Инфективна седум пациенти во критична состојба.

Тагови

Поврзани вести