Забава

Ова е најшарениот станбен блок во Украина – погледнете како изгледа!

Овој мал утописки кварт во Киев, колку што е удобен, толку е и шарен.

Малиот кварт во Киев кој што го носи името „Comfort town“ дефинитивно не штеди на боите. Од птичја перспектива изгледа како некоја утопија.

Овој крај настанал како станбен проект на архитектонската фирма „Archimatca“, а се градел 11 години.

Се простира во некогашната „индустриска зона“, а изграден е со цел во Киев да стане еден станбен блок кој што може да се продаде во случај на криза.

Тоа било постигнато со создавање и атрактивно опкружување за неговите жители, кои ги потсетува на „Лего град“.

Зградите се убаво обоени во комбинација од светли и пастелни бои, а просторите се поделени на мали улици и зелени површини во внатрешноста.

Удобно е да живеете во тој крај

Таму исто така има и малопродажбен комплекс од 4.500 квадратни метри, теретана и спортски објект на отворено од 1.5 хектари.

Има кафулиња, продавници и канцеларии кои што се погодно сместени на долните катови од станбените згради.

Архитектите успеале да сочуваат поголем дел од зелените површини во станбениот комплекс и да ги обноват старите структури, како фонтаните и малите скулптури.

Тагови

Поврзани вести