Македонија
Нов стан во срцето на Скопје продаден за само 950 евра по квадрат!

Денес кружат информациите во агенциите за недвижности дека е продаден нов стан во центарот на Скопје за 950 евра по метар квадратен.
Пазарот на недвижности во Скопје влегува во период на забавување по неколку години интензивен раст на цените и висок интерес за купување и изнајмување станови. Најновиот извештај на Регистарот на цени и закупнини при Агенцијата за катастар покажува дека во првиот квартал од годинава е регистриран пад на закупот на станови од 47 проценти во однос на претходниот период, додека вкупната месечна вредност на закупнините не се намалува.
Според аналитичарите, пазарот постепено влегува во фаза на „ладење“, при што понудата на станови расте, а побарувачката се намалува. Како главни причини се посочуваат високите цени на квадратниот метар, поскапите станбени кредити и ослабената куповна моќ на граѓаните.
Во меѓувреме, градежниот сектор продолжува со интензивна изградба на нови станбени комплекси, што во наредниот период дополнително ќе ја зголеми понудата на пазарот. Економистите предупредуваат дека доколку трендот на намалена побарувачка продолжи, можно е следува период на стагнација или драстично намалување на цените.
Со тоа, според експертите, полека завршува периодот на брз и неконтролиран раст на цените на недвижностите во главниот град.



