Култура
„Македонија – првата монетаризирана земја во Европа“: Изложба на антички монети во Археолошкиот музеј
Вечерва во 19 часот, во чест на Меѓународниот ден на музеите, во Археолошкиот музеј после седум години се враќа постојаната поставка на Нумизматичката збирка.

Од Музејот велат дека поставката е сведоштво за економијата, моќта, уметноста и секојдневниот живот низ повеќе од два и пол милениуми. Во новата поставка се изложени околу 2.500 примероци на монети, хронолошки распоредени од 6. век пред нашата ера, односно од околу 530 година пред нашата ера, па сѐ до 20. век.
„Преку ретки и значајни примероци, посетителите ќе можат да го проследат развојот на ковањето монети, политичките промени и културните влијанија на просторот на Македонија и пошироко“, велат од Археолошкиот музеј.
Во исто време, а пронајдените се после 100 години, парите се појавиле и на територијата на Македонија, а во тој период тука живееле повеќе племиња, меѓу кои и Пајонците. На почетокот нивните монети биле ковани само од сребро (и од повеќе пајонски племиња и заедници). На парите биле претставени сцени на животни, како говедо, јарец, бик и коњ, потоа квадрат, кантарос (чаша за вино), боговите Аполон, Атена, Дионис и Зевс и јунакот Херакле.
Да бидеме свесни за значењето денес преку почитување на корените и нашите предци, да знаеме кој сме и да сме свесни за нашето значење и потенцијал.



