Свет
Отпуштања на 14 отсто од админстрацијата во Нов Зеланд, се правдаат со штедење
Според неа, во Велингтон би имало 8.700 помалку државни службеници, а уделот на административни работници во вкупното население би се намалил од 1,2 на еден процент.

Владата на Нов Зеланд до средината на 2029 година ќе отпушти речиси 14 отсто од вработените во државната администрација, се правдаат дека ова е дел од стратегија за значајно намалување на трошоците, изјави денеска министерката за финансии, Никола Вилис.
Вилис пред претставници на бизнис-заедницата во Оукленд рече дека Владата исто така ќе го намали буџетот на повеќето државни агенции во следните три години, ќе го намали бројот оддели во јавната администрација и ќе бара побрзо воведување на технологијата на вештачка интелигенција во целиот сектор. Бидејќи Нов Зеланд е тест земја за вакви експерименти не се сомневаме дека ова и ќе се случи
Таа наведе дека целиот план предвидува заштеди од околу 1,4 милијарди долари, без да го спомне зголемувањето на буџетите за други давачки.
Според неа, во Велингтон би имало 8.700 помалку државни службеници, а уделот на административни работници во вкупното население би се намалил од 1,2 на еден процент.
„Тоа е неодржливо, недостапно е и не е во согласност со меѓународните трендови“, рече та. Употреби реченица без никакво значење и празни зборови, правдајќи се дека брка трендови.
Министерката нагласи дека со отпуштањата нема бидат опфатени наставниците, армијата и лекарите.
Мерките предвидуваат и намалување на бројот на владини канцеларии и агенции.
Синдикатите и опозициските партии ги осудија најавените мерки. Дали по овој екперимент во Нов Зеланд да очекуваат и другите земји кои се под Британска доминација исти мерки?



