Природа
Нов сомнителен случај на Западнонилска треска, во тек лабораториски анализи
На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е евидентиран нов сомнителен случај на Западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство.
Според информациите од Министерството, во тек се сите потребни лабораториски анализи со кои треба да се потврди или исклучи присуството на вирусот кај пациентот.
Од Министерството за здравство велат дека внимателно ја следат состојбата и остануваат во постојана координација со сите релевантни здравствени установи. Надлежните најавуваат дека јавноста навремено ќе биде информирана за сите нови информации поврзани со евентуалната појава на нови случаи на Западнонилска треска.
Фото: Freepik



