Вести

Непознати причините за големата автобуска несреќа

Несоодветна брзина и заблуда на возачот се најверојтано причините за големата автобуска несреќа изјави за Битиви Васко Пиргов секретар на регионалниот совет за безбедност, а кој бил на местото на несреќата заедно со првите пристигнати полицајци и пожарникари.

-Не е за раскажување, зборување, сликата е страшна, од задното десно стакло излегле повредените патници, вели Пиргов.

Според неговата изјава автобусот удрил со предната десна гума во сообраќаен знак, по што го исфрлил 45 метри настрана. Пожарот почнал од предниот дел на автобусот, а според полицијата, имало и туби со нафта на предната страна, кај резервните гуми, по што од парното излегол огнот. Патот беше целиот со нафта, јавува telma.mk

Ќе се прави ДНК-анализа за утврдување на идентитетот на загинатите, изјави заменик обвинителот Сарафов

Ќе се прави ДНК-анализа за да се утврди идентитетот на загинатите меѓу кои има 12 деца, изјави заменикот на главниот обвинител на Бугарија Борислав Сарафов. Тој рече дека ќе се анализира дали причина за несреќата е грешка на возачот или технничка неисправност на автобусот.

Фото:ЕПА
Тоа што во моментов можам да кажам е да ве информирам според кои приоритети работиме како обвинителство, а тоа е да утврдиме дали се работи за грешка на возачот на автобусот или станува збор за техничка неисправност на автобусот која довела до катастрофа и фатален исход.

Четири автобуси биле на релацијата од Истанбул, имаме информација дека биле 52 патници, 12 деца, а седум се преживеани. Оттаму, нашата математика е дека загинале 45 патници.Ќе биде направена ДНК-анализа на сите жртви, со цел да се утврди идентитетот на загинатите. Тоа што го имам како информација е дека во автобусот немало бугарски граѓани, изјави заменикот на главниот обвинител на Бугарија Борислав Сарафов, јавува mkd.mk

Компанијата „Беса транс“ била регистрирана во Ќустендил, канцеларии имала во Скопје и други градови

Компанијата чиј автобус изгоре во сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија е регистрирана во Ќустендил, објавија бугарските медиуми повикувајќи се на проверката направена во Трговскиот регистар.

Tуристичката агенција „Беса транс” функционира од 2011 година, а од 2019 година нејзин управител е Аздрен Зубери, македонски државјанин со албанско потекло. Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Македонија. Извор: МИА

 

– Не можам да ви дадам информација. Не знам ништо, изјавиле од компанијата за „24 часа”.

Тагови

Поврзани вести