Македонија

Намален бројот на приговори за казните од „Safe City“

Бројот на поднесени приговори за прекршочни налози издадени преку системот Safe City бележи значително намалување, покажуваат најновите податоци на Основен кривичен суд Скопје за април.

Во текот на месецот биле евидентирани вкупно 38 приговори, од кои најголемиот дел – 32 – се поднесени од физички лица, додека шест се од правни субјекти.

Од судот посочуваат дека, паралелно со намалениот прилив на нови приговори, се работи и на затворање на предметите од претходниот период.

„Се намалува бројот на граѓани и компании кои ја оспоруваат одговорноста за сторените прекршоци, а воедно се финализираат и постапките по претходно поднесените барања“, информираат од судот.

Системот „Safe City“ служи за автоматско детектирање на сообраќајни прекршоци, врз основа на што се издаваат прекршочни налози. Граѓаните имаат законска можност да поднесат приговор доколку не се согласуваат со изречената санкција.

Тагови

Поврзани вести