Македонија
Метео: Денеска и утре вистинска пролет со многу сонце

По краткотрајната промена на времето и врнежите денес, веќе во наредните два дена потоа односно денеска и во утре Македонија повторно ќе имаме многу повеќе сонце и стабилно и суво пролетно време преку ден со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 17 степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец а во сабота на 7-ми март ветерот исто таќа ќе биде со слаб до умерен интензитет и претежно од југоисточен правец.
Сепак во утринските часови ќе биде релативно ладно со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени а во Скопје и околината температурата ќе се спушта до близу 0 степени.



