Свет

Иран предупреди: Американската морнарица да не влегува во Ормускиот теснец

Обединетата команда на вооружените сили на Иран испрати предупредување до Морнарицата на САД да не навлегува во Ормуската теснина, соопштија државните медиуми во Техеран.

Овој став доаѓа како одговор на најавите од Вашингтон за операција насочена кон ослободување на бродовите што се наоѓаат во блокада во теснецот.

Во официјалното соопштение, иранските власти нагласуваат дека контролата врз безбедноста на оваа клучна поморска рута е во нивни раце и дека секое движење на бродови мора да биде координирано со нивните вооружени сили.

Тагови

Поврзани вести