Македонија

Законот за укинување на техничка влада денес во Собрание

Предлогот за укинување на пржинската влада е доставен во Собранието, денеска е пред народните избраници. Ќе биде со одложено дејство што значи дека ќе важи по наредните парламентарни избори.

Собранието ќе ја одржи 98. седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и предлог законските измени на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кои се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен моделот на преодна, односно техничката влада.

Предлогот за укинување на пржинската влада е доставен во Собранието, денеска е пред народните избраници. Ќе биде со одложено дејство што значи дека ќе важи по наредните парламентарни избори.

Од Владата сметаат дека постојниот модел создава дополнителни политички и административни компликации додека со новото решение се очекува поголема стабилност и континуитет во работењето на институциите. СДСМ со реакција – спремаат избори и шверцерски сакаат да ја укинат техничката влада.

„Секој обид за укинување на техничката влада е директен напад врз демократијата и слободните избори и ние ќе се спротивставиме“ велат социјал-демократите.

Тагови

Поврзани вести