Македонија
Една деценија од херојската победа во кумановско „Диво насеље“

Денеска се навршува деценија од херојската победа во кумановско „Диво насеље“. Во херојска битка на 9 и 10 мај 2015 против интернационалната банда координирана од позиции од Косово, а за предизвикување жртви во екот на шарената револувија и натамошна дестабилизација на Македонија со цел почеток на вооружен конфликт и граѓанска војна, загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во пресрелката имаше и 37 повредени припадници на безбедносните сили.
Во чест на херојски загинатите македонски борци во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча. Полициските службеници кои го положија животот во антитерористичката акција во „Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година, добија и мурал „Хероите живеат вечно“ во централното подрачје на Куманово.