Македонија

Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор

Потпишан е договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Јужниот сосед . Изградбата ќе трае 22 месеци, а гасоводот ќе биде во функција во 2027 година. Со овој договор започнува најголемата енергетска инвестиција во Македонија во последните 10 години. Ќе се градат 68 километри модерна гасоводна мрежа што Македонија ќе ја поврзе со југот, но и со европските енергетски пазари.

-Изградбата ќе ја преземе македонска компанија, која е целосно подготвена со опрема и кадар, а цената е 12 милиони евра пониска од претходните понуди во тендерските постапки. Досега Македонија имаше само еден начин за снабдување со гас, преку Бугарија. Овој договор овозможува да има повеќе од еден извор, доколку дојде до прекин или зголемување на цената од една страна. Природниот гас е поефтин и поефикасен за греење од нафта, дрва и јаглен. Природниот гас загадува помалку од другите горива. Граѓаните ќе добијат можност за почист воздух и поквалитетен живот.

 

Тагови

Поврзани вести