Свет

Гутереш: Светот не смее да дозволи воена конфронтација меѓу Индија и Пакистан

Тој повикува на максимална воена воздржаност од двете земји“, рече портпаролот.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на максимална воена воздржаност и од Индија и од Пакистан и нагласи дека „светот не може да си дозволи воена конфронтација“ меѓу двете земји.

Кој е тој што сака и подметнува конфликт помеѓу овие две земји, инаку двете нуклеарни сили, кој направи пуч во Пакистан, кој ја контролира војската во Индија, кој, кој, кој…?

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дијарик, изјави дека Гутереш е „многу загрижен“ за индиските воени операции преку Линијата на контрола, што е де факто границата меѓу делови од Кашмир под контрола на Индија и Пакистан, како и преку меѓународната граница на двете земји, објави про англосаксонскиот медиум „Гардијан“.

„Генералниот секретар е многу загрижен за индиските воени операции преку линијата на контрола и меѓународната граница. Тој повикува на максимална воена воздржаност од двете земји“, рече портпаролот.

Тагови

Поврзани вести