Македонија
Една година подоцна: Кочани и Македонија се сеќаваат на жртвите од дискотеката „Пулс“

Една година по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и понатаму живее со последиците од настанот што ја потресе цела Македонија. Кобната ноќ засекогаш го промени градот и остави длабока рана кај семејствата на жртвите и кај сите граѓани. Загубата на десетици млади животи и стотиците повредени ја претворија трагедијата во еден од најболните настани во поновата историја на Македонија.
Пожарот што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ однесе 63 животи, меѓу кои имаше и малолетници, додека повеќе од 200 лица беа повредени. Непосредно по трагедијата, локалните власти одржаа вонредна седница на Советот на општината и беше прогласена седумдневна жалост, најпрво во Кочани, а потоа и на национално ниво.
Првичните информации по несреќата говореа за 59 загинати и над 150 повредени, но по завршувањето на лекувањето на повредените и официјалните истраги, конечниот биланс во обвинителните акти достигна 63 жртви и повеќе од 200 повредени.



