Вести

Диносауруси во скопската Зоолошка

Станува збор за авантуристичка атракција со 50 диносауруси во природна големина кои испуштаат крици и се движат и кој би бил во рамките на Зоолошка градина. Во преговори сме околу изведбата на паркот, како и со потенцијални спонзори кои што ќе го потпомогнат проектот, вклучително и градот Скопје, кој треба да ни даде поддршка, изјави портпаролката на Зоолошка, Тина Мицковска за весникот “Вечер”. Таа очекува од пролет наредната година да почне реализацијата на Дино паркот

Скопската Зоолошка градина ќе добие Јура парк. Од Зооолошка ја потврдија информацијата и истата веднаш беше објавена на фејсбук-страницата со зборовите: “Се надеваме дека наскоро ќе се создадат услови за и во Скопје Зоо да донесеме една од главните светски атракции”.

Портпаролката на Зоолошка градина Скопје, Тина Мицковска, информира дека моментално Зоо-Скопје работи на проект за Дино парк.

– Станува збор за авантуристичка атракција со 50 диносауруси во природна големина кои испуштаат крици и се движат и кој би бил во рамките на Зоолошка градина. Во преговори сме околу изведбата на паркот, како и со потенцијални спонзори кои ќе го потпомогнат проектот, вклучително и градот Скопје, кој треба да ни даде поддршка – изјави Мицковска за весникот “Вечер”.

Таа очекува од пролет наредната година да почне реализацијата на Дино паркот.

Вакви слични тематски Јура паркови има во големите светски и европски метрополи. Во наша близина ги има во Белград и на Златибор – соседна Србија, како и во Словенија.

– Редно е и Скопје да добие Дино атракција, како и едукација за најголемите животни кои некогаш постоеле на планетата – вели Мицковска.

Дино паркот во Белград беше отворен на 4 април годинава на тврдината Калемегдан. Паркот го посетуваат од сите генерации, но пред се е наменет за најмладите во нивното воведување во светот на науката преку 35 реплики на диносауруси во природна големина, меѓу кои и подвижни рептили од праисторијата кои испуштаат звуци. Во придружба со аниматори кај младите белграѓани се развива фантазија како изгледала планетата кога овие џинови владееле со неа. Најхрабрите деца го јаваат својот омилен диносаурус и се фотографираат во устата на Т-рексот, а на јаже ги шетаат диносаурусите.

Тагови

Поврзани вести