Македонија

Делови од Карпош и Центар денеска без струја и вода

РЦУК Скопје известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Јосиф Михајловиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јосиф Михајловиќ и Атанас Бабата, општина Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска во периодот од 9 до 14 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Миле Поп Јорданов лоцирани во околината на хотел Гранит, општина Карпош.

Исто така, во периодот од 8 до 16 часот, дел од корисниците од улицата Мирослав Крлежа, како и корисниците од улиците Наум Наумовски Борче, Антоние Грубишиќ и Орце Николов, општина Центар, ќе останат без струја.

Тагови

Поврзани вести