Живот

Активности кои треба да ги практикувате наутро

Сѐ повеќе и повеќе жени поради недостиг на време, се одлучуваат за утринско вежбање, посветувајќи ги првите часови од денот грижејќи се за своето здравје и за својата физичка форма. Вежбањето наутро воопшто не е лоша идеја. Напротив, вежбањето наутро е најдобриот начин за согорување на маснотиите и намалување на телесната тежина. Се прашувате зошто? Затоа што, ако наутро не внесете храна во организмот, телото ги троши резервите со храна, односно маснотиите. Доколку имавте сомнежи дали да започнете со вежбање, ова би требало да претставува добра мотивација, а ваше е да го изберете вистинскиот спорт за вас и да уживате слабеејќи.

post cover photo

Џогинг

Џогирањето е една од најпопуларните опции кои се практикуваат во раните утрински часови, иако сѐ уште постојат скептици кои се убедени дека немате доволно енергија наутро за да трчате. Но, вистината е дека ако сте имале добра вечера, сигурно ќе имате енергија, а и калории кои би сакале да ги потрошите. Трчањето е најекономичната активност за која не се потребни многу трошоци (освен патиките за трчање) и остава голема слобода и автономија во однос на времето со кое располагате и интензитетот со кој сакате да трчате.

Пливање

Пливањето е одличен избор за утринска активност. Единствениот проблем на кој можете да наидете е да најдете базен кој работи пред да одите вие на работа. За да бидете во топ-форма и да ослабете, најдобар период од денот е утрото, нормално, на празен стомак. Освен тоа што побрзо ќе ги троши резервите кои се наоѓаат во вашето тело, утринското пливање дополнително ќе ви го забрза метаболизмот и храната што ќе ја изедете подоцна побрзо и поделотворно ќе се дигестира.

Возење велосипед

Кога градот сѐ уште спие и улиците се празни, возењето со велосипед е вистинско задоволство… тогаш зошто да не? Пролетта е одличина прилика да го изнесете вашиот велосипед и да започнете да возите. Со оваа активност не само што ќе ги тонирате нозете и колковите, ќе го обликувате задникот и ќе бидете во одлична форма, возењето велосипед делува терапевтски и ослободува од секојдневвните грижи и проблеми кои можат да станат толку исцрпувачки. По квалитетното утринско возење, уживајте со задоволство во здравиот појадок.

Вежбање со тегови

Вежбањето наутро е во голема корист на намалувањето на тежината, а доколку вежбате со тегови дополнително се забрзува бавниот метаболизам. За вежбите со тегови потребна ви е и дополнителна енергија, па затоа се препорачува конзумирање на лесна храна пред да се започне со тренингот, а по завршувањето здравиот појадок е задолжителен.

Тагови

Поврзани вести