Македонија
Ќе се доделуваат првите ваучери за одмор за работници со ниски приходи
Денеска во Министерството за економија и труд ќе се доделуваат првите потврди односно ваучери за одмор за работници со ниски примања.
Според најавите, симболичното доделување е закажано за во 12 часот.
„Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска (05.09.2024 година) ќе ги додели првите Потврди -ваучери за одмор за работници со ниски приходи кои ги доделува Министерството за економији труд“, велат од министерството.