Македонија
Ќе се гради Регионален центар за згрижување на бездомни миленици во Кавадарци
Започна изградбата на Регионален центар за згрижување на бездомни миленици. Локацијата на објектот е во населба Глишиќ на површина од 5470 м2.
Целосната финансиска конструкција на овој проект изнесува 14 892 319 денари. Дел од средствата во висина од 5 119 385 денари се обезбедени од Швајцарска амбасада а дел од средствата во висина од 9 772 933 денари се обезбедени од Министерство за локална самоуправа.
Согласно динамиката за изведување на градежните работи, целиот проект треба да биде готов во наредните 6 месеци. Изведувач на работите е фирмата АС Машини