Живот

Јужниот пол во последните три децении се загрева три пати побрзо од светскиот просек

Новото истражување кое неодамна е објавено во списанието Nature Climate Change покажало дека Јужниот пол во последните 30 години се загрева три пати побрзо од светскиот просек.

Истражувачите велат дека природните процеси се водечка причина за овој пораст на температурата, но и дека климатските промени предизвикани од човечки активности значително придонеле за тоа.

Претходните истражувања покажале дека платото на Антарктикот е едно од ретките места на планетата кое се ладело додека остатокот од светот се затоплувал поради климатските промени, меѓутоа тоа веќе не е случај.

Јужниот пол е едно од најстудените места на планетата со просечна температура од -49 ° С.

Главната причина за затоплувањето е невообичаено топлата температура на океаните во областа на тропскиот западен Пацифик, која е поврзана со природен феномен наречен „меѓудецениска пацифичка осцилација“.

Водечкиот истражувач на ова истражување Кајл Клем од Универзитетот Викторија во Велингтон (Нов Зеланд) вели дека климатските промени сигурно имале улога во големото покачување на температурата на Јужниот пол, но дека не се доминантна причина.

Тагови

Поврзани вести