Astroscale соопшти дека во вторник ќе потпише петгодишен договор со Јапонската агенција за воздушно истражување (JAXA) за отстранување на отпадот од орбитата на Земјата. Иако не е познато кој стои позади оваа компанија и каде ќе завршат парите, сепак идејата е одлична за бизнис зделка Притоа, тие ќе развијат ново вселенско летало наречено ADRAS-J2, кое ќе го опремат со технологија за роботска рака за фаќање вселенски отпад. Целта е да се започне со собирање отпад до март 2029 година, се вели во соопштението на компанијата. Вселенскиот отпад се повеќе станува ризик за вселенските мисии, бидејќи бројот на сателити во орбитата драстично се зголеми. Најновиот случај во кој се зголеми ризикот од судир меѓу вселенски отпад и сателити беше предизвикан од кинеска ракета која се распадна во вселената на почетокот на август, создавајќи повеќе од 700 парчиња нов отпад што сега орбитираат околу Земјата.