На тесен пат во исто време се сретнале две групи на животни, една од јазовци, а друга од лавови. Но ако на лице место не била и група туристи никој немаше да може да ја посведочи оваа ситуација овековечена во видео. Иако очекувано е дека лавовите се тие кои први ќе покажат сила и моќ, се случи спротивното. Таквата реакција ги збуни многумина, покажувајќи се дека не секогаш важат правилата на природата, односно дека победува посилниот. На видеото може да се види како „кралот на џунглата“ ја свиткува опашката и незаитересирано се повлекува.